Аеродромот во Софија евакуиран поради дојава за бомба

Од:

Софискиот аеродром е евакуиран поради добиена закана дека има поставена бомба. Евакуацијата е по наредба на министерот за внатрешни работи, по добиен телефонски повик во 1.20 часот по локално време, пренесе бугарската новинска агенција Бгнес.

Полициски екипи веднаш го зазедоа аеродромот и почна пребарување на експлозивна направа. Не е дозволено приближување на никакви возила во областа околу аеродромот.

Неколку часа пред дојавата за бомба, бугарската министерка за Европска комисија, Лилијана Павлова, била на аеродромот на прес конференција за новинари, на настан во врска со електрични возила.

Во тек е истрага за тоа кој е инволвиран во инцидентот.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори