Абдула Оџалан со нови предлози за решавање на курдскиот проблем

Од:

Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан изјави дека мировниот процес, кој има за цел да стави крај на три деценискиот конфликт, влегува во втората етапа.

Во првата етапа приближно половина од борците на Курдската работничка партија (ППК) ја напуштија територијата на Турција и се повлекоа во базите во Северен Ирак.

За време на втората етапа од договорот помеѓу Оџалан и турската Влада се очекува властите да преземат реформи за заштита на правата на Курдите, кои се 20 проценти од турското население.

Оџалан во затворот беше посетен на делегација на прокуртската Партија за мир и демократија. Од партијата соопштија дека Оџалан е решен да продолжи со реализација на мировниот процес.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски