Абазовиќ по одлуката на ДПС: Ќе видиме каков е ставот на мнозинството пратеници

Од:

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ по денешната одлука на претседателството на Демократската партија на социјалистите (ДПС) да ја повлече поддршката на црногорската Влада изјави дека ДПС „ако не е во можност да и помогне, тогаш да не ѝ одмага на државата“.

– Ја поздравувам одлуката на Претседателството на ДПС. Одговорно и државнички е кога не сте во можност да ѝ помогнете на државата, барем да не ѝ одмагате, напиша Абазовиќ на Твитер.

Тој оцени дека треба да се види каков е ставот на мнозинството пратеници во Парламентот на Црна Гора.

Во соопштението на ДПС се наведува дека „Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без консултација со стручната јавност влезе во склучувањето на Договор со СПЦ, нанесувајќи им непроценлива штета на државните интереси“.

Црна Гора мора да продолжи понатаму, криминалот, корупцијата и национализмот не се опции. Европската иднина ќе победи, додаде Абазовиќ.

Претходно, Социјалдемократската партија претходно ја повлече поддршката за Владата на Абазовиќ, и најави покренување иницијатива за скратување на мандатот на Владата и одржување на вонредни парламентарни избори.

Владата на Црна Гора и покрај противење на петмина министри на 8 јули официјално соопшти дека е усвоен Предлогот за усогласениот текст на Основниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква. Според критичарите документот е штетен за Црна Гора и оти незаконски ги регистрира црногорските културни и верски добра на СПЦ.

Малцинската влада на Абазовиќ беше формирана на крајот на април, а доби поддршката од 45 од вкупно 81 пратеник во Парламентот. Заедно со Обединетата реформска акција на Абазовиќ, таа вклучуваше претставници на малцинските народи Хрвати, Бошњаци и Албанци, како и на просрпската Социјалистичка народна партија и СДП. ДПС на Мило Ѓукановиќ не влезе во Владата, но и даде поддршка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дритан Абазовиќ е нападнат во дискотека во Будва: Обезбедувањето фрли солзавец, настана хаос

Драма во Црна Гора: Откажаа сопирачките на „мерцедесот“ на Дритан Абазовиќ, 50 метри пред удолница

Горан Наумовски

Црна Гора покренува вселенска програма: „Знам дека ова ќе предизвика потсмев“

Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ веќе да не е претседател на Црна Гора

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Абазовиќ за гласањето недоверба на неговата Влада: Балканот е место каде што луѓето сакаат да ги чуваат работите под тепих

А1он