За седум месеци во Косово повеќе од 10 илјади собраќајки со 63 жртви

Од:

Во периодот јануари-јули годинава по патиштата во Косово се регистрирани повеќе од 10 илјади сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 63 лица, од нив 25 пешаци,  додека пет илјади се потешко и полесно повредени.


Најголемиот број од сообраќајките се случил во летните месеци, кога и фрекфенцијата за влез и излез од Косово е поголема, јави дописникот на МИА.


Полициската статистика потврдува дека само во месец јули регистрирани над две илјади сообраќајни несреќи, со десет жртви или четири повеќе од лани истиот месец. Во споменатиот месец изречени се и 29 илјади парични казни за собраќајни прекшоци.


Портпаролот на косовската полиција Баки Келани вели дека главни причини за големиот број сообраќајки е пребрзото возење и непочитувањето на сообраќајните знаци. Тој упати апел за максимално внимание и на пешаците и на возачите.


Бурим Рамадани, Генерален секретар на Алијасата за иднината на Косово,  смета дека владата треба да посвети поголеми внимание  во однос на овој загиржувачки феномен и бара итна седница на Националниот совет за безбедност во собраќајот за да определи неопходни мерки за заштита по патиштата.


– Присуствто на сообраќајната полиција треба да биде поголемо, возилата да се упатуваат на вонредни технички прегледи, зашто главните причини за ваквата загрижувачка состојба е брзото возење, недостигот на сигнализација, нискиот степен на совест кај возачите  за опасноста што ја носат поради непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и неисправноста на нивните возила, оцени Рамадани. 


Пратеникот Бехар Селими смета дека причина за големиот број несреќи по косовските патишта е масовното присуство на Косовците од дијаспората, кои, според него, ја преоптовариле патната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски