40% од Црногорците би поддржале влез во НАТО

Од:

Поддршката на граѓаните за влез на Црна Гора во НАТО расте од година во година, покажуваат резултатите од анкетата на „Ипсос“.


Доколку биде распишан референдум сега, 40 проценти од граѓаните би гласале „за“ влез на Црна Гора во НАТО, 39 би биле „против“, додека другите би биле неодлучни.


Со анкетата испитани се 1.029 граѓани, а излезноста на референдумот би била 60 проценти.


– Поддршката за влез на НАТО во последната година е стабилна и осцилира од еден до три отсто. Во споредба со 2009 година забележан е значителен раст на поддржувачите Црна Гора да биде дел од НАТО. Во февруари 2009 година за влез во Алијансата се изјасниле 31 отсто од испитаниците, а во најновата анкета нивниот процент е поголем за девет, изјави Марко Уљаревиќ од Ипсос.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора