13 турски новинари повредени при растурањето на протестите на Таксим

Од:

Синдикатот на турските новинари ја осуди реакцијата на полицијата при растурањето на демонстрантите на истанбулскиот плоштад Таксим во саботата, се наведува во вчера објавеното соопштение на синдикатот на новинари.

– Најмалку 13 новинари беа повредени од полициски палки, пластични куршуми и солзавец. Над 80 граѓани беа притворени. Ние остро го осудуваме полициското насилство кон новинарите, што ја вршат својата работа и народот, што го користи правото на мирно изразување на својот став, се наведува во соопштението.

Голем број од новинарите се принудени за време на митинзите и судирите да носат маски, поради употребата на солзавец од страна на полицијата за растурање на демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски