11 уапсени на антифашистички протест во Атина

Од:

Грчката полиција уапси 11 лица за време на антифашистичкиот протест одржан пред просториите на неонацистичката партија „Златна зора“ во преградие на Атина.

Во атинскиот кварт Панграти синоќа се одржа протест за време на кој дошло до тензии, па полицијата морала да интервенира. Ситуацијата подоцна се смирила, а демонстрантите се разотишле.

Грчката полиција вчера побара одобрение од Јавното обивнителство за да ги провери листите на телефонските разговори на пратеници на „Златна зора“, во рамки на истрагата за убиството на раперот Павлос Фисас.

Владата во Атина веќе побара судска истрага околу доказите за поврзаност на оваа, трета по популарност партија во Грција, со смртта на раперот со левичарски убедувања, кој беше убиен во вторникот вечерта, откако бил начекан во заседа од страна на 30-тина лица и избоден со нож.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески