Зошто во рекламите на Apple секогаш е 9:41?

Од:

Apple во поновата историја на часовникот во рекламите времето го покажува секогаш 9:41.

Причината за ова е следење на еден вид традиција која започна уште во 2007 година, кога Стив Џобс го претстави првиот iPhone.

Во 2007 година, при завршувањето на презентацијата на Стив Џобс и екранот се појавил првиот iPhone времето покажувало 9:42.

Ова време Apple го употреби во понатамошните маркетинг кампањи.

Сепак, подоцна беше направена промена од една минута и на рекламите стои времето кое покажува 9:41.

Ваквиот пристап при создавањето на маркетинг кампањите во 2010-та го објасни Скот Форестал додека беше заменик директор на софтверскиот оддел во Apple. Тој вели дека презентациите на Apple се така смислени да новиот производ биде претставен 40-тина минути по почетокот од презентацијата.

„Кога на екранот ќе се појави голема слика од производот, сакаме времето што е прикажано да е приближно точно до времето на часовникот на присутните. Знаеме дека тоа нема да биде по точно 40 минути. За iPhone го наместивме на 42 минути. Излезе дека сме прилично точни со проценката, така што за iPad го наместивме на 41 минута. И ете, тоа е тајната зад времето“.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ