„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Од:

„Самсунг“ веќе на стартот на јануари одлучи да претстави три уреди, кои би можеле да ја одбележат 2017 година, барем кога се во прашање поевтините паметни телефони.

Најголем е А7 и е опремен со 5,7-инчен АМОЛЕД екран со резолуција од 1.080 пиксели. Новиот „Галакси A5“ е опремен со 5,2-инчен екран, додека неговиот помал брат „Галакси A3“ има дисплеј од 4,7 инчи. Двата модели се отпорни на вода и прашина и со ИП68 стандард.

„Самсунг“ ветува и напредна батерија, а во А5 и технологија за брзо полнење. A3 се напојува од батерија со 2.350 милиампер часови, A5 има батерија од 3.000 милиампер часови, додека A7 од 3.600 милиампер часови.

„Галакси A3“ работи со процесор од 1,6 гигахерци и 2 гигабајти РАМ, додека А5 и А7 работат со 8-јадрен процесор од 1,9 гигахерци и 3 гигабајти РАМ. Двата уреда имаат УСБ тип Ц порт и поддршка за микорСД картичка до 256 гигабајти.

Интерната меморија кај A3 изнесува 16 гигабајти, додека A5 и A7 имаат по 32 гигабајти.

Што се однесува до оптиката „Галакси A3“ има задна камера од 13 мегапиксели и предна од 8 мегапиксели, додека двете камери на А5 и А7 имаат по 16 мегапиксели.

Новите уреди треба да се најдат во продажба на почетокот на февруари и тоа во четири бои црна, златна, сина и кајсија боја.

Цената на А3 најверојатно ќе биде 329 евра, А5 ќе чини 429 евра, додека цената на А7 за сега не е позната.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

Новиот iPhone ќе биде заоблен

Емир Латифовиќ