„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Од:

Овогодишниот Меѓународен саем за електроника во Лас Вегас доби својот прв херој – смартфонот „Онор Мидрејнџ 6 Икс“, кој за малку пари донесува исклучителни перформанси.

„Онор“ на „Хуавеи“ овој пат им конкурира на најскапите паметни телефони, како „Ајфон 7“, а чини само 240 евра.

Имено, „Онор 6 Икс“ го краси двоен објектив на задната камера, кој му овозможува снимање на одлични фотографии, проследен со широк отвор на блендата од Ф/0,95 до Ф/16.

Секако квалитетот не е идентичен како на „Ајфон“ или на „Хуавеи П9“, но секако ова е прв пат ваквата технологија да стане достапна на тие со поплиток џеб.

„Онор 6 Икс“ е опремен со 5,5-инчен ХД дисплеј, со исклучително чувствителен скенер за отпечаток на прстот, кој е поставен на ергономски совршена позиција на позадината на телефонот, процесор Кирин 655 со четири јадра од 2,1 гигахерци и други четири јадра на 1,7 гигахерци.

РАМ меморијата има големина од 3 гигабајти, а интерната меморија содржи простор од 32 гигабајти со можност за проширување со микроСД картичка на чие место може да се најде и друга СИМ картичка.

Импресивна е и батеријата на смартфонот, која може да трае и до 36 часа при нормално користење на уредот. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ

Новиот iPhone ќе биде заоблен

Емир Латифовиќ