Новиот iPhone ќе биде заоблен

Од:

Apple следната година одбележува 10 години од претставувањето на првиот iPhone, а ова компанија подготвува уред со кој сака да ги собори сите продажни рекорди на пазарот.

Иако овогодишните модели iPhone 7 и 7 plus се одлични телефони, многумина на Apple му забележа дека овие модели се прилично слични на „шестките“ и дека им недостигаат иновации.

Што се однесува до наследниците на моделите iPhone 7 и 7 plus, тие би требало да донесат стандардни подобрувања какви од компаниите се гледаат секоја година – подобар и побрз процесор и графика, квалитетна камера и слично.

Ферарито на Apple ќе има заоблен амолед екран, кој ќе покрива поголем дел од предната површина на телефонот, така што Home копчето ќе биде интегрирано во екранот.

Бидејќи екранот ќе ја заземе речиси целата предна површина на телефонот, уредот би можел да ги задржи истите димензии како и iPhone 7 и 7 plus, а дијагоналата на екранот ќе биде поголема.

Од новиот топ модел се очекуваат и опции како безжично полнење, водоотпорност и издржливи батерии, а Apple наводно ќе го промени и распоредот на внатрешните компоненти.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ