Зошто некои луѓе стареат побрзо од другите?

Од:

Честопати заслугите за нечиј младолик изглед се припишуваат на разни здравствени фактори, како исхраната, вежбите и здравите животни навики.

Меѓутоа, научници од Калифорнискиот Универзитет во Лос Анџелес (УКЛА), сега открија дека некои луѓе едноставно се биолошки предодредени за побрзо стареење.

Научниците нашле досега најјасен доказ дека пет отсто од луѓето се предодредени да стареат побрзо и да починат порано од останатите. Авторите на студијата, објавена во научниот магазин „Ејџинг”, анализирале ДНК примероци од крв на над 13.000 луѓе во Европа и САД.

Брзината на стареењето е мерена со епигенетски часовник кој го изумил водечкиот автор на студијата. Часовникот го пресметува стареењето на ткивата и крвта мерејќи ја метилацијата, процес во кој ДНК-та се распаѓа со текот на времето.

Потоа ја земале предвид биолошката возраст на секое лице и ја споредиле со нивната вистинска возраст, за да го пресметаат нивниот очекуван животен век. Научниците биле изненадени кога виделе дека некои од здравите луѓе биле биолошки предодредени да умрат порано од нивните врсници.

Лицата со биолошки фактори на ризик имаат 50 отсто поголеми шанси за предвремена смрт, без оглед на тоа дали пушат, што јадат или пијат.

Темистоклес Асимес, еден од авторите на студијата, вели дека потребни се уште истражувања за целосно да се сфати врската меѓу епигенетските промени и предвремената смрт.

Истражувачите рекле дека овие резултати би можеле да им помогнат да најдат начини за продолжување на здравиот живот кај лица со поголем ризик.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска