Глобалниот пазар на мобилни телефони забележа пораст од шест отсто во вториот квартал од годинава, а вкупно се испорачани 432,1 милион апарати, покажува извештајот на компанијата IDC.
Во истиот период минатата година испорачани се 428,8 милиони мобилни телефони.
За растот на пазарот на мобилни телефони придонел фактот дека некои испорачатели, меѓу кои се Alcatel и Huawei, во вториот квартал имале двапати и трипати поголема стапка на раст на испораките на Андроид во Кина и Индија.
Кога станува збор за пазарот на смартфоните, испорачани се 237,9 милиони мобилни телефони, што претставува раст од 52,3 проценти во однос на истиот период лани, кога оваа бројка изнесувала 156,2 милиона.