„Запознај ја Преспа“ – Промоција на традицијата, храната и културата во Преспа

Од:

Македонските бендови Нокаут и Бла, бла, бла…, локалните Инстинкт, Реприза и Екстраваганца, како и грчкиот Anima Nation вечер во Отешево ќе ги забавуваат преспани и гостите на манифестацијата „Запознај ја Преспа“.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи панел дискусијата на тема „Европски придобивки за регионот Преспа – искуства и можности”.

Домашните и странските туристи, но и локалните жители утре ќе имаат можност да ги откријат убавините на Преспанскиот регион, кутурата, храната, традицијата…. Покрај можноста за дегустација на традиционална преспанска храна на плажата во Дупени, презентација на локални органски производи, производи од јаболко, ќе се реализира и традиционалната велосипедска тура „Tour de Galichica“, а волонтерите од невладината Еко-герила со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ќе го чистат Преспанското крајбрежје во околината на Отешево. На плажата во Дупени, ќе се одржи и турнир во одбојка, настап ќе има културно уметничкото друштво „Таше Милошевски“, а најавенин се и многу игри и забава за најмладите.

Присутните викендов ќе имаат можност да ги запознаат убавините и традицијата на Преспа, езерото, плажите, преспанското јаболко и прекрасната Галичица.

Настанот е во организација на Општина Ресен, Рурални жени и Prespa Bike, во партнерство со ЕУ за ТЕБЕ, Агенција за млади и спорт, Spirit of Prespa, Преспа град и Еко Герила.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он