iPhone 5 не е ни година дена на пазарот, веќе започна производството на наследникот – iPhone 5S, тврди јапонскиот Apple блог „Macotakar”.
Foxconn, кој е најголем производител на Apple компонентите, веќе почна со производство, за да се произведат доволен број на количини за огромната побарувачка, тврдат блогерите, повикувајќи се на доверлив извор директно од компанијата.
Новиот iPhone се очекува на пазарот на крајот на Јуни, а се очекува да работи на новиот А7 процесор на Apple, додека од другите новитети се спомнуваат потполно редизајнираната камера, блиц и технологија која ги чита отпечатоците на прстите.