За фашизмот нема место: Томпсон забранет во Швајцарија

Од:

Властите со швајцарскиот кантон Цирих ја потврдија одлуката на градската власт во Шлирен за забрана на концертот на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон кој требаше да се одржи на 3 септември.

-Организаторот на концертот, фирмата Кронајт се жалеше на оваа одлука, но повторно доби потврда дека се забранува концертот.

Неименуван претставник од организаторот на концертот изјави за хрватската агенција ХИНА дека станува збор за политичка одлука и дека размислуваат за жалба до Управниот суд, но немаат надеж дека нешто ќе се промени.
Швајцарските медиуми пишуваат дека кај Томпсон повторно и повторно се забележуваат “ултранационалистичкиот поглед на свет“ и “величање на усташкиот режим“.

-Оваа одлука е потврда дека градот исправно ги извагал приватните и јавните интереси и дека основните права не се прекршени, се вели во соопштението на градот Шлирен од каде изразија задоволство со потврдувањето на одлуката за забрана на концеротот од кантонската власт.

Одлуката на кантонската власт ја поздрави и организацијата Јусо, младината на Социјалдемократската партија на Швајцарија која ја покрена постапката за забрана на коцертот.

-Му честитаме на градот Шлирен за храбрата одлука да го забрани овој настап и со тоа да ги одбрани демократските вредности. На фашизмот му нема место во нашето општество, изјави потпретседателката на младите на партијата за кантонот Цирих, Нина Хисер.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски