Корисниците на YouTube деновиве можат да забележат бројни измени на платформата, од дизајнот до функциите. Што точно се променило?
Црвеното копче за репродукција е преместено од делот „Tube” во логото на самиот почеток. Обрнете внимание и на новиот фонт и боја.
Дури и изгледот на мобилната апликација е изменет. Најзабележливо е тоа што црвениот банер на врвот, го нема.
Најпосле, на мобилната апликација отсега овозможува вертикално прикажување преку цел екран, но засега оваа опција се уште не е достапна за сите корисници.