Врската на цревните бактерии и аутизмот

Од:

Наодите на американските научници од Универзитетот Аризона укажуваат на разлики во составот на цревната флора кај деца со аутизам во однос на останатите деца.

Во истражувањето учествувале 23 деца со аутизам и 21 дете без аутизам, а присутноста на цревните бактерии е проучувана со анализа на присутноста на 56 метаболити во фецесот на децата.

Станува збор за метаболити кои се производ на делувањето на одделни видови бактерии.

Воочени се значајни разлики во присутноста на седум метаболити за кои истражувачите веруваат дека би можеле да бидат поврзани со делувањето на невротрансмитери или контрола на нивната биоцинтеза.

Според научниците, тоа би значело дека цревните бактерии можат да го променат нивото на овие метаболити и така да влијаат на комуникација меѓу цревата и мозокот и конечно да ја променат функцијата на мозокот.

Во следната фаза на истражувањето ќе биде тестирана можноста фекални трансплантати да влијаат на симптомите на аутизмот.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска