Врачени наградите „Мито Хаџивасилев – Јасмин“

Од:

Наградата за новинарство и публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“ денеска им беше врачена на Мира Костиќ- Коцев, Зоран Трајчевски, Свето Стаменов и Блерим Исени.

Костиќ-Коцев и Трајчески, двајцата вработени во Радио Скопје, наградата ја добија за дологогодишна работа во новинарството, додека Стаменов, исто така од Радио Скопје, и Исени за публицистика.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата Веле Смилевски на свеченоста по повод врачувањето на наградата истакна дека македонското новинарство во вакви кризни периоди ја покажува својата виталност со професионални стандарди.

– Живееме во време на жестоки судири на мислења и ставови. Таквата ситуација се рефлектира преку новинарството и новинарите. За жал, често сме склони без основа и неправедно да им забележуваме на новинарите, тргнувајќи од тоа каква страна зазеле или требало да заземат. Во таквите случаи забораваме дека вистинските новинари и вистинското новинарство имаат една единствена страна, дека тие секогаш се на страната на вистината. Затоа, да се потрудиме да има дадеме поле на новинарите во развиен демократски амбиент да си ја работат својата работа, како објективни и непристрасни хроничари на своето време, изјави Смилевски.

Од името на наградените се заблагодари новинарката Мира Костиќ-Коцев, која истакна дека новинарството бара срце, посветеност, постојано учење доколку намерата е да се биде професионалец. – Непоправлив оптимист сум кога станува збор за новинарството. Мислам дека ние малку ги загубивме професионалните стандарди и вредности и кретируими на патот на транзицијата. Но, сепак се надевам дека ќе дојде време дека новинарите нема да бидат дежурни виновници за се и сешто што се случува во земјава, но и пошироко и ќе јакне довербата и пожртвуваноста кон професијата еднакво како што беше и во раните деведесети години кога новинарството ја биеше битката за самостојна Македонија, изјави Костиќ-Коцев.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата