Ворнер брос: „Џокерот“ не е херој

Од:

Новиот филм на Ворнер брос, „Џокер“ веќе предизвикува контроверзии поради психолошкото портретирање на развојот на еден сериски убиец.

Имено, некои луѓе сметаат дека ваквите психолошки драми поттикнуваат насилство. Во градот Аурора, Колорадо, САД, 2012 се случи оружен напад во кино за време на прикажување на „Бетмен: Воздигнувањето на црниот витез“, при што беа убиени 82 лица. Џокерот е лик од франшизата за Бетмен, па некои луѓе, потсетувајќи на тој масакр, повикуваат на претпазливост.

Обвинувањата одат и дотаму дека со овој филм продукциската куќа промовира насилство. Компанијата преку соопштение ги отфрла овие наводи.

– Да нема забуни. Ниту измислениот лик Џокер, ниту филмот претставуваат глорифицирање на насилството од каков било вид. Филмот нема такви намери, а филмаџиите не сакаат да го претстават овој лик како херој, соопшти Ворнер брос.

Филмот „Џокер“ е означен со ознаките „Р“, „18 плус“ и слично.

Семејства на загинати во нападот во Аурора испратија писмо по повод премиерата на филмот. Во него тие го поддржуваат правото на слобода на изразување на продукциската куќа, но истовремено и ја повикуваат да ја потврди поддршката на движењето за поголема контрола на огненото оружје.

„Џокер“ е прогласен за најдобар филм на годинешниот Филмски фестивал во Венеција. Во кината ќе почне да се прикажува од 4 октомври.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска