Водата е најздрав пијалок што го помага слабеењето

Од:

Водата е најздрав пијалак и веројатно единствен кој помага при слабеење, а притоа килограмите не се враќаат, тврдат експерти.

Оваа „магична“ течност на природен начин го спречува апетитот и ги разредува маснотиите. Научниците тврдат дека намаленото конзумирање на водата може да доведе до таложење на маснотии.

– Ако се испие чаша вода пред секој оброк, побрзо се слабее отколку да се бројат калориите во секој залак, објаснува доктор Бренда Дејви, нутриционист од Универзитетот Вирџинија.

Нејзиниот тим три месеци ја анализирал телесната тежина на испитаниците и резултатите покажале дека лицата кои пред секој оброк пиеле вода загубиле седум килограми, што е дури 2,5 килограми повеќе од оние кои строго внимавале што јадат.

– Кога пред јадењето пиеме вода, чувствуваме ситост и помалку јадеме, истанува американската нутриционистка.

Супите, чорбите и останатите јадења, чија основа е водата, можат да бидат дури и поефикасни од водата. Сличен ефект се постигнува и со овошјето, зеленчукот и кашите, бидејќи премногу вода во краток временски период не е добро за организмот.

Најдобро е да се пие ладна вода, бидејќи побрзо се апсорбира, но да се избегнува мразот.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила