Во Рио, Исус „облечен“ во лекарска униформа

Од:

Големиот споменик Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно „облечен“ во лекарска униформа. Градот на тој начин им заблагодари на здравствените работници од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против коронавирусот.

Станува збор за познатата статуа на планината Корковадо над Рио. Таа го доби својот нов изглед благодарение на специјално осветлување. Организаторите притоа, зборот „Благодарам” го испишаа на неколку јазика – домашниот португалски, на шпански, англиски, германски, италијански, кинески, француски, арапски и руски јазик.

Освен тоа, статуата беше осветлена во боите на знамињата на државите што се најпогодени од коронавирусот – САД, Шпанија, Италија и Кина, како и самиот Бразил.

– Ова е послание за надеж во овој тежок период на пандемија, изјави надбискупот на Рио де Жанеиро, кардиналот Орани Жуан Темпеста.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски