Во овие држави не постои „Мекдоналдс“

Од:

Иако најраспространетиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ има околу 35.000 ресторани во повеќе од 100 држави на планетава, сепак постојат места каде што оваа манија за бургери и помфрит се уште не зела голем замав, поради различни причини. Ова се четири држави во кои нема објекти на „Мекдоналдс“.

Бермуда

Оваа островска држава имала посебен законски акт со кој било забрането отворање на странски ресторани, но прохибицијата која што била донесена во 1977 година не била испочитувана со доаѓањето на американската војска на островот во 1995 година.

Иако ресторанот бил отворен во воената база на Бермудите и бил наменет само за војниците, во него заапочнале да доаѓаат и локалните жители.

Протестите и новите закони го спречиле навлегувањето на оваа компанија во државата во 1999 година, кога повторно се обидела да го заземе своето место на оваа територија.

Боливија

Оваа латиноамериканска држава не донела никакви посебни закони и правила како Бермудите, но нејзините жители имале мудри избори во однос на храната. Тие се убедени дека овие оброци се подготвени од ефтини состојки и дека се работи за храна со слаб квалитет. Корпорацијата се обидела да придобие нови клиенти и со помош на нив да дојде до голем профит, но не успеала. По 14 години, поточно во 2002 година, „Мекдоналдс“ засекогаш ја напуштил оваа држава.

Исланд

Економската криза и целосниот колапс се уште една од можните причини поради кои „Мекдоналдс“ напушта некоја држава. Кога стопанството и економијата на оваа подрачје во 2009 година доживеале свој пад, оваа компанија се соочила со намалување на својот потенцијален профит. Покрај тоа што била намалена побарувачката, американскиот гигант имал проблем и со одалеченоста на островот од остатокот на светот, поради што сообраќајот, доставата како и цената на зеленчукот и месото значително се зголемиле.

Северна Кореја

Се претпоставува дека во оваа држава околу 6 милиони луѓе гладуваат. Додека бил жив авторитетниот лидер Ким Џонг Ил тој ја користел државната авиокомпанија за набавка на луксузни работи и за хамбургери од „Мекдоналдс“. Поради меѓународни санкции и забрана за работа на странски фирми во државата, оваа компанија никогаш не дошла на подрачјето на Северна Кореја.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он