„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Од:

Американската компанија за брза храна „Мекдоналдс“ повторно ќе ги отвори своите ресторани во Украина, во знак на поддршка на земјата и како гест на желба за своевидно враќање на нормалноста во со војната разурнатата држава.

„Мекдоналдс“ пред околу шест месеци ги затвори сите ресторани во Украина, веднаш по почетокот на руската инвазија, но продолжи да им дава плати на повеќе од десетте илјади вработени.

Компанијата денеска соопшти дека постепено ќе почне со отварање на некои од рестораните во главниот град Киев и во западните делови на земјата, подалеку од фронтот.

„Разговаравме со нашите вработени кои изразија силна желба да се вратат на работа и да видат повторно отворени нашите ресторани во Украина. Последниве месеци во компанијата постои уверување дека тоа ќе обезбеди мало, но важно чувство на нормалност“, се вели во соопштението на компанијата.

„Мекдоналдс“ има 109 ресторани во Украина, но засега нема информации за тоа колку од нив ќе бидат повторно отворени за гостите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он

Поранешни сопственици на франшизи „Мекдоналдс“ ја тужат компанијата за расна дискриминација

Жарко Настоски