Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Од:

Некои ресторани на новоотворениот синџир за брза храна „Укусно и Точка“, кој го замени Мекдоналдс во Русија, веќе останале без компири, па затоа ќе престанат да служат помфрит до есен, јавуваат руските медиуми, а пренесува Би-би-си.

Недостатокот на вистинскиот компир значи дека гостите ќе треба да изберат различен прилог за нивните хамбургери. Компанијата очекува помфритот да се врати на менито до есен.

Мекдоналдс се повлече од Русија во знак на протест поради инвазијата на Украина. Американскиот гигант за брза храна ги продаде своите ресторани на руски бизнисмен, а во јуни неколку негови продажни места повторно беа отворени под името Вкусно и точка.

Но, еден месец по отворањето, недостасува една од клучните ставки на менито. „Рустичниот помфрит“ – подебела верзија на традиционалниот помфрит – исто така може да биде недостапен. Компанијата објасни за руската новинска агенција ТАСС дека жетвата во 2021 година на сортата компир потребна за производство на помфрит во Русија била слаба.

Руското Министерство за земјоделство се обиде да ја намали загриженоста за недостигот на компири со порака на Телеграма: „Има компири – точка“.

„Рускиот пазар е целосно снабден со компири, вклучително и со преработени. Покрај тоа, веќе пристигнуваат посевите од новата реколта, што ја исклучува можноста за недостиг“, соопшти Министерството.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски