Во Норвешка пронајден викиншки меч стар 1.200 години

Од:

Додека шетал по пешачка патека на планината Хаукел, Норвежанинот Џастин Олсен открил вредна реливкија од времето на Викинзите – меч од ковано железо стар 1.200 години.

Станува збор за меч долг 77 сантиметри, кој датира од крајот на осмиот век.

– Иако кордиран, мечот е во одлична состојба и би можел повторно да послужи кога би се наострил, изјави за американската телевизија Си-Ен-Ен локалниот конзерватор Пер Мортен Екерховд.

Тој објасни дека мечот е добро зачуван благодрарејќи на тоа што планината Хаукел е прекриена со снег и мраз најмалку шест месеци во годината и затоа што во текот на летото нема многу влажност.

– Вистинска вредност е да се пронајде така добро зачувани остатоци од викиншкиот период, рече Екерховд, додавајќи дека на пролет на местото каде е пронајден мечот ќе се организира археолошко ископување, додека самиот меч ќе биде предаден на универзитетскиот музеј во Берген.

– Мечот датира од почетокот на викишката ера, од крајот на осмиот век, наведе арехологот Џастин Аксдал.

– Во тоа време, мечевите биле многу ценети, затоа што тоа било оружје само на важните членови на заедницата, додека поголем број останати Викинзи морале да се задоволат со нож или секира, додаде тој.

Експертите веруваат дека мечот е оставен на место на гроб или дека му припаѓал на некој патник кој бил убиен или подлегнал на суровата планинска клима.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ