Во Неготино изложба на погачи по повод Свети Климент

Од:

„Нишка на традицијата“ беше темата на изложбата на традиционални посни погачи што се одржа синоќа во Неготино по повод празникот Свети Климент Охридски.

Изложбата ја организира локалната  библиотека „Страшо Пинџур”.

– Сакавме да ги обединиме домаќинките од градот во име на традицијата, нејзиното зачувување и предавање на идните генерации, рече директорката на библиотеката Катерина Данаилова.

Во празнувањето беше вклучено и литературно читање за делата на големиот просветител и светец, како и читање за традицијата како нишка меѓу минатото и иднината.

Говор за значењето на лебот и празничната погача во православната вера  одржа отец Сарафче Иванов, кој ги освети погачите.

Триесет домаќинки  учествуваа на изложбата со домашно приготвени и декорирани погачи, а три од нив  беа избрани  како најдобри.

– Ова е прв ваков настан кој ќе прерасне во традиционален. Тој е дел од богатата програма  на библиотеката, програма благодарение на која оваа установа деновиве  беше прогласена за библиотека и доби награда од Библиотекарското здружение на Македонија, нагласи Данаилова.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко