Во млекото Дукат откриена канцерогена материја

Од:

Млекото „Дукат“ е повлечено од продажба во Хрватска и Босна поради откривање на канцерогената материја „афлатоксин М1“ во него.

Овие производители на млеко се присутни и на македонскиот пазар.
Синоќа е повлечено и од најголемиот ланец за продажба во Црна Гора „Вои“ – јави Блиц.

Афлатоксините се токсични производи на мувла, кои може да бидат присутни во сточната храна, суровините и полупроизводите за производство на човековата храна. Експертите велат дека афлатоксините предизвикуваат оштетување на црниот дроб и на други органи, како и рак на црниот дроб.
Хрватските власти вчера наложија повлекување на млекото од најголемите произведувачи Дукат и Виндија од сите продавници.

„ Хрватскиот ветеринарен институт кај произведувачите Виндија и Дукат утврди концентрации на Афлатоксин М1, мали отстапувања од дозволените. Примероци од млекото се испратени во референтната лабораторија во Виена заради дополнително потврдување на наодите – стои во соопштението од министерството“, објави дневник.хр.

„Анализата на примероците во хрватскиот Ветеринарен институт покажа мали отстапувања од дозволеното. Исто така, примероците се испратени во референтната лабораторија во Виена за дополнителна потврда на наодот. Резултатот ќе биде познат кон средината на февруари“, пишува Јутарњи лист.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари