Американските власти предупредија на опасноста од лекот за спиење „стилнокс“. Лекот „стилнокс“ е еден од лековите кои патниците најчесто го користат на куси релации за да спијат во авион.
Лекот долго време е сметан за безбеден, но сега американските власти упатија предупредување до јавноста. Станува збор за секундарни ефекти, кои би можеле да траат повеќе часови по будењето.
Опасноста од поспаност зад воланот, чувство на замор и губење на вниманието била доволна причина американските власти да побараат од фармацевтските компании минатата недела да ја намалат пропишаната доза – пет милиграми за жените и десет милиграми за мажите, иако пет милиграми останува препорачана доза за сите.