Јужноафриканецот со американска смисла за бизнис со електрични автомобили, вселенска технологија и еко енергија, Елон Муск ги надмина сите подметнувања на републиканците и конкуренцијата. Тој во Вселената ја лансираше ракетата Фалкон 9 и наспроти саботирањата од НАСА.
За ова несекојдневно лице досега знаеја само компјутерските и вселенските гикови. Тоа што тој го работи ќе го промени животот на секој поединец, токму како што досега се зборуваше за Стив Џобс.
Се вика Елон Муск и поради него сите денес сакаат електричен или барем хибриден автомобил. Млад е, згоден и милионер и среќно по втор пат оженет со убавицата Талула Рајли.
Каков човек е Елон Муск зборува целиот негов живот. Се родил во 1971 година во Преторија во Јужна Африка. Мајка му Маја Муск има американско-канадски корени и денес е успешна авторка на книги, нутриционист, а и како баба е манекенка. Малкумина овие две јавни личности досега јавно ги доведувале во врска.
Таткото, чие име никаде не се спомнува, е Јужноафриканец, инжинер. Татковата линија мора да преовладала во Елон. Од џепарлакот како 10-годишно дете купил прв компјутер, а веќе на 12 година заработил 500 долари: продал игра Бластер со вселенско пукање, која самиот ја програмирал. Во 1988 година матурирал во средно училиште во Преторија и на 17 години без дозвола од родителите од Јужна Африка побегнал кај роднини на мајка му во Канада. Не можел да замисли да служи задолжителен воен рок
Немам ништо против војската, но таа служеше само за да ги угнетува црнечките сонародници, вели тој. Канада ја гледал како попатна станица кон САД.
– Знаев дека таму се случуваат вистинските работи и дека морам да бидам таму, раскжува Муск. Две години работел и истовремено учел на Универзитетот Квин во Кингстон во Онтарио. Успехот му донел цела школарина на Универзитетот во Пенсилванија во Филаделфија. Таму на факултетот Вартон дипломирал физика со пофалница.
Во тоа време ги истражувал изумите на Томас Едисон и Никола Тесла. Веќе тогаш, вели тој, дознал три работи кои ќе ја одредат иднината на човештвото: интернетот, чистата енергија и вселената. Во 1995 година заминал во Калифорнија. Сакал да дипломира на применета физика на Станфорд. Таа година од Канада му се придружил една година помладиот брат Кимбал. Тие двајца на Стенфорд се задржале само два дена.
Заработувал пари од своето хоби. Попатно покрај сите браќа го развивал програмот Зип2 за новиот медиум интернетот. Служел за генерирање на страници за WWW, а богати купувачи имало многу. Го користеле повеќе од сто големи медиумски компании, меѓу кои и „Њујорк Тајмс“. Работата одела премногу добро за да се посвети на студирањето.
Но, тоа не бил главниот дотек на пари кои оделе кај неговите браќа. За пребарувач на интернет АлтаВиста, од неговиот нов сопственик Компак, добил 307 милиони долари во готово и уште 34 милиони долари во акции.
Браќата Муск не дозволиле толкави пари да почнат да господарат со нив. Кимбал, како мајкин син, полека почнал креативно да се забавува во раскожниот живот и отворил најдобар ресторан во квартот, кој набрзо влегол на повеќе лисит на најдобрите ресторани во САД. Многу инвестирал во следниот потфат на Елон, кој се нарекувал X.com. Идејата му била да развие систем за директно плаќање по пат на интернет.
Се што му недостасувало поврзано за безбедноста на паричните трансфери нашол во компанијата „Конфинити“ на Макс Левкин, Петер Тил и Лук Носек. Двете споени компании од 1999 година се нарекуваат „ПејПал“. Да не беше „ПејПал“ на тоа подрачје би успеал некој друг.
За потребите на романтичниот поглед би рекле дека и денес за WWW единствена заработка би биле огласите. Не и работењето, веб шопингот. Интернетската аукциска куќа иБеј имала потреба од токму таква услуга каква што ја нуди ПејПал, па компанијата која на почетокот била замислена директно да ги поврзува купувачите и продавачите на шервер софтвер, во 2002 година станала целосна сопственост.
Цената: 1,5 милијарди долари! Елон Муск веќе таа пролет сфатил каде води сето тоа. Во 2002 година основал нова компанија „Спејс Експлорејш Технолоџи“ или скратено „Спејсекс“. Седиштето прво било на островот Омелек во рамки на пацифичките Маршалови Острови. На приватниот остров собрал отпадници од НАСА и други сродни индустрии, каде за нивните идеи немало разбирање. Малку одлични луѓе, но секој на свое место на таа далечна океанска локација биле многу далекувидни. Како и зошто, за тоа ќе зборуваме подоцна.
Во исто време на Елон Муск ни ракетите на пацифичкиот остров не му биле доста. Во Силициумската долина собрал многу истражувачи кои ги споил со малата компанија „АЦ Пропулжн“. Така настанала „Тесла Моторс“. Муск и денес таму е главен оперативец, а со светскиот хит, електричниот спортски автомобил „Тесла Роадстер“, ја сврти наопаку автомобилската индустрија.
Над 40 години компаниите во Детроит примаа милијарди државни субвенции за да развијат електромобил. И на крај на секоја година како стално да препишуваат: – Дајте ни уште. Работиме на тоа. Батериите се претешки, со премал капацитет. Возилото би имало премал дофат. И потоа еден компјутерски бубалица целата идила со истражувањето и развојот во Детроит, ја расипа со идејата дека батериите за мобилните имаат капацитет за автомобил кој на пат ќе ги помине и најдобрите спортски возила, а притоа пред следното полнење ќе поминат солидни 250 до 300 километри.
Елон Муск најави почеток на испораките на луксузниот обичен „Модел С“. Со пет седишта и багаж, за полпвона цена на „Роадстерот“. Во меѓувреме, електричниот погонски систем „Тесла Моторс“ се продава на „Дајмлер“ и „Тојота“ за вградување во електричните возила под нивна значка.
Да сонувал Детроит што прави Елон Муск, сигурно би нашол индустриски начин, да го замолчи, со откуп на акции и проекти и нивно заклучување во рафтови. Ако сакаме да романтизираме, би рекле дека без Елон Муск и „Тесла Моторс“ и денес ќе купувавме само автомобили на бензин и нафта. А сега ги нудат сите производители кои држат до себе.
Третиот потфат на Муск во овој момент е најмалку познат: компанијата „Солар Сити“. Браќата Петер и Линдон Рива имале најдобат и најамбициозен проект кога во 2006 година му го претставиле на Муск.
Инвестирал пари, а веќе во 2007 година „Солар Сити“ работел како комерцијален производител на струја. Денес има 1.600 вработени и освен што е најголем производител на соларна енергија во светот, „Солар Сити“ доби концесија во Калифорнија да ги опреми автопатиштата со станици за полнење на струја за електричните автомобили.
Секако, соларни
Сепак, Муск најмногу се посветил на ракетите. Тоа добро се виде и овие денови кога во поло маица со својата екипа седел во контролниот центар на „Спејс Икс“ во Хоуторн, кварт во Лос Анџелес до аеродромот Лакс. Но, таму се преселил од пацифичкиот остров. Во летото 2002 година Муск инвестирал 100 милиони долари во компанија со 160 вработени.
Денес има 1.600, акциите на берзата растат, но тој се уште држи две третини сопственост. Ако повластените луѓе од НАСА, „Боинг“ и „Локид Мартин“ го сфатеа сериозно Елон Муск, веројатно би преземеа некаква вообичаена индустриска акција од кои помалку насилната би завршила со заклучување на акциите во патент во некој сеф.
А Муск би бил уште побогат. За среќа, мора да мислеле дека ексцентричниот богаташ на пацифичките острови се забавува со играње со ракети. Маршалските Острови се многу далеку, но имаат интересна предност: територија се на САД. Тој факт одиграл важна улога, бидејќи други ја немале таа среќа. На блокираните извозни дозволи за вселенска технологија, минирана е малку постара американска вселенска компанија од Мусковата, „Мир“ која во 1999 година веќе девет месеци орбитирала без екипаж. Таму испратиле двајца космонаути да ја стабилизираат за да ја користат во разни комерцијални и некомерцијални потфати, меѓу другите и сопствени. Нивен прв турист бил Денис Тито.
Ако парите од САД можеле преку граница, на „Мир“ не му ја дале неопходната технологија. Државната бирократија шпектакуларната аквизиција „МирКорп“ преку ноќ почнала да ја толкува како закана за мирот. Со договор меѓу Клинтон и Путин станицата „Мир“ била уништена, а главниот инвеститор Волт Андерсон и денес седи во затвор. Осуден е според веќе познатата американска техника за отстранување на непосакуваните – за даночна измама.
А потоа се случило следното. Од декомисионираната лансирна позиција за интерконтиненталните балистички ракети на островот Омелек, „СпејсИкс“ по три неуспеси, во 2008 година во орбитата ја лансираше ракета „Фалкон1“, со прв приватен товар. Во 2009 година Муск со таа ракета првпат нешто заработил. Лансиран е малезискиот сателит „Разак Сат“.
Од тогаш до денес „СпејсИкс“повеќе ниту еднаш не доживеа неуспех. Најмоќните луѓе на вселенската индустрија се до таа година „СпејсИкс“ не ја земаа за сериозно. Сега, по беспрекорно изведените мисии на Меѓународната вселенска станица и враќањето на капсулата Драгон, малку е доцна да се помислат.
– Верувам дека килограм товар исфрлен во ниската Земјина орбита не смее да чини 50 илјади долари. Или патувањето на килограм товар на површината на Месечината треба да чини милион долари. За она првото би рекол дека реална цена е 500 долари, рече пред неколку години во интервју Елон Муск.
По првите успешни лансирања кои и излегле од контрола, НАСА сериозно го сфатила Муск. Во декември истата година на „СпејсИкс“ и одобриле стипендија за 12 летови на ИСС во висина од 1,6 милијарди долари, со етапни исплати. Муск отворил погон за градење на капсулата Драгон во Хоуторн, во халите каде Боинг порано го монтирал авионот 747, а во Тексас сега гради фабрика за производство на големи ракети.
Така НАСА одобри веќе довршената ракета Фалкон 9 да се лансира под нејзин надзор од платформата 40, на воената страна на вселенскиот центар Кејп Канаверал. Меѓутоа, ракетата висока 53 метри која бепе поставена на рампата, седеше таму 18 месеци, со постојани закажувања и одлагања на лансирањето.
Муск во Њујорк во 2010 година го објавил моделот на електричниот спортски автомобил „Тесла“. Потоа советничката на новиот претседател Барак Обама, Лори Гравер во ревизија ја превртела НАСА, а Обама ја укина скапата програма на Џорџ Буш „Констелејшен“ и го смени директорот на НАСА. Ни тоа не било доволно. Дури кога Обама, во посета на НАСА во април 2010 година со Елон Муск прошета под поставениот Фалкон 9, „СпејсИкс“ добил датум за своето прво лансирање. Го саботираа во шест часот во терминот за лансирање. Во последните 15 минути тоа сепак беше изведено и тоа совршено. И другото лансирање на 8 декември во 2010 година на беспилотното летало Драгон исто така било совршено.
Во него наместо космонаут, ставиле кашкавал тежок 300 килограми. Драгон бил лансиран исто така беспрекорно и по две орбити Елон Муск во капсулата која со падобран се спушти во Пацификот го добил назад својот кашкавал. Првото експериментално лансирање на ИСС исто така двапати се одложуваше. Верувам, целосно неоправдано, но Елон Муск сето тоа го издржа.
Некои од зададените експерименти беа толку очигледно бесмислени што две мисии сепак беа ставени во една. Иронија е што тие уникатни тестови за прецизно маневрирање на сигурна далечина, на какви не се ставени ни европските ни јапонските беспилотни летала, ги поставила агенција која и самата веќе нема со што да праќа космонаути и товари на ИСС!
Драгон во орбитата морал да изведе низа комерцијални маневри околу Меѓународната вселенска станица за воопшто да го пуштат на оддалеченост од 30 метри. Од таму со Драгон од ИСС рачно управувале космонаути со редовен екипаж. Бродот се приближил на станицата на само 10 метри и наспроти тоа што располага со милиметарски прецизен ласерски систем за автоматско спуштање, космонаутите го довлекле со роботска рака.
Капсулата се уште неоткачена на враќање од ИСС паднала во Пацификот, а СпејсИкс и најголемиот светски комерцијален оператор на телекомуникациски сателити Интелисат потпишаа договор за лансирање на комерцијални сателити со новата ракета Фалкон Хеви.
Интелсат, компанија со седиште во Луксембург, со 52 оперативни сателити навистина е телекомуникациски вселенски џин. Потпишан е договор за заеднички експерименти и лансирање на ракетата „Фалкон Хеви“, на идниот најмоќен носач. Интелсат соработувал и ги лансирал со „Боинг“ (Делта), „Локид Мартин“ (Атлас, Титан), ЕСА (Ариана), со Кинезите (Долг марш) и Русите (Протон, Зенит). Се впуштал и во неконвенционални проекти како што лани со корпорацијата МДА и на своите онемоштени сателити го продолжил животот со достава на дополнително гориво од Земјата.
Интелсат многу добро знае колку навистина вреди успехот на првиот приватник кој може да лансира товар и луѓе на ИСС. Но, кој помислил дека животната цел на Елон Муск била да стане орбитален превозник, жестоко промашил. Ракетата Фалкон Хеви, за која СпејсИкс покрај ракетната база на Американското воено воздухопловство Вандерберг во Калифорнија гради приватен лансирен погон, треба да послужи за подалечни цели и планови. И тие уште поголеми кои следат по Фалкон Хеви. Елон Муск, со НАСА или без неа сеедно, во следните 10 до 20 години сака човекот да го прати на Марс!
Така како што Драгон еднаш меко ќе се спушта на Марс, така набрзо, со луѓе во себе, меко ќе се спушта на Земјата. Мекото спуштање во „СпејсИкс“ го замислиле и за ракети. Се ќе се користи повторно. Лансирањето на еден Драгон на ИСС чини околу 50 до 60 милиони долари. Евтино, бидејќи 95 отсто хардвери ќе се употребуваат повторно. Со Драгон на ИСС можат да се донесат седум космонаути и половина тон товар.
Од кога немаат спејс шатл, Американците на Русите им плаќаат 50 до 60 милиони долари за повратна карта за еден космонаут во Сојуз. Затоа успехот на Муск сигурно го мразат републиканците во Конгресот, кои тој успех го исмејуваа. Тврдеа дека Муск е авантурист, дека од сето тоа нема да биде ништо, а Американците сигурен лет треба да платат на Русите, а не да се коцкаат со американски приватник. Чудно за партија која начелно се зазема за приватната иницијатива…
Сите се замолчеа од успехот на скромниот, трпеливиот, паметниот Јужноафриканец со американски пасош. Знаеше се да издржи, сите ниски удари, интриги и одложувања. А со електричниот автомобил и ракетите успеа два пати да се прикраде на територија со која доминираат анонимни, богати и алчни. И ги победи, а притоа ги зачува своите големи визии поради кои го прави сето тоа и истовремено остана фантастично нормален човек, со двете нозе цврсто на земјата.
Национал – Загреб