ВИДЕО: Жени танцуваат и „тверкуваат“ во знак на солидарност со премиерката на Финска

Од:

Многу жени почнаа да ги преплавуваат социјалните мрежи со видеа на кои како тверкуваат, танцуваат и пеат со своите пријателки, откако видео од забава на која присуствуваше финската премиерка Сана Марин стана вирално.

Премиерката доживеа своевиден линч откако во јавноста излезе двеминутно видео од приватна забава. Марин пееше и играше на видеото, а опозициските политичари и медиумите кои не се за политиката на премиерката почнаа приказни за тоа како таа консумирала алкохол и дрога на забавата. Имаше коментари дека ваквото однесување е непримерно не само за жена на јавна функција, туку и за жена на нејзина возраст и покрај тоа што Марин има само 36 години.

Во знак на солидарност, жени, кои се врсници на Марин почнаа да ги преплавуваат социјалните мрежи со видеа на кои танцуваат, пеат, пијат алкохол и генерално се забавуваат со своите блиски пријатели, на приватни забави, фестивали или во нивните домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска