За многумина е тешко да пронајдат позитивна страна на ладниот бран и ниските температури кои ја зафатија Европа последниот период. Во Амстердам замрзнаа популарните канали, а локалните жители решија тоа да го искористат лизгајќи се по нив.
Каналите се целосно замрзнати поради екстремно ниските температури, па луѓето ги користат како лизгалишта. Ова е прв пат да се случи ова во последните шест години.
More skating on the canals this afternoon. Crazy times in #Amsterdam #canalliving pic.twitter.com/5KqJHjH8N8
— jim butler (@TheSCAuthority) March 2, 2018
Видеата од лизгањето по амстердамските канали ги преплавија социјалните мрежи.
A rare sight today: people ice skating on the canals of Amsterdam. ❄️ pic.twitter.com/ODfUdgjaBh
— Gosse Bouma ? (@Gosserd) March 2, 2018
Сепак, не е се така позитивно. Локалните медиуми известија дека двајца лизгачи завршија во болница откако се обиделе да се лизгаат на мраз кој не бил доволно цврст да ја издржи нивната тежина, па пропаднале во ладната вода.
Ice skating on the canals of #Amsterdam ??❄️ pic.twitter.com/BghNs1dUYU
— Bader F. (@BaderFQ) March 2, 2018