(ВИДЕО) Израелци претепани во Амстердам, Нетанјаху вели: Испраќаме спасувачки авиони

Од:

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив биле „нападнати во заседа синоќа во Амстердам“ додека го напуштале стадионот по мечот од Лигата на Европа против холандскиот Ајакс, соопштија израелските власти. Има и видеа на кои се гледа насилство врз навивачите на Макаби. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека 10 израелски граѓани се повредени и ги советуваше сите Израелци во Амстердам да останат во своите хотели.

Саар, исто така, побара од неговиот холандски колега Каспар Велдкамп да им помогне на Израелците да се преселат од нивните хотели на аеродромот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека станува збор за сериозен инцидент и нареди да се испратат два авиони за евакуација на израелските граѓани.

Израелскиот лидер ги повика и холандските власти „да дејствуваат решително и брзо против бунтовниците и да обезбедат мир“. Израелската армија потврди дека ќе учествува во евакуацијата.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) се подготвуваат веднаш да распоредат спасувачка мисија со координација на холандската влада. Мисијата ќе биде распоредена со помош на товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови“, се вели во соопштението.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека досега се уапсени околу 30 лица. Полицијата во Амстердам соопшти дека го зголемила присуството во центарот на градот во средата навечер, ден пред натпреварот, поради можни тензии во неколку области.

Во средата вечерта полициските службеници „спречиле конфликт меѓу група таксисти и група посетители кои дошле од соседното казино“. Тие споменаа уште еден инцидент во кој непознати сторители го симнаа палестинското знаме во центарот на Амстердам.

Асошиетед прес пишува дека навивачите на Макаби очигледно се судриле со пропалестинските демонстранти. Судирите избија и покрај забраната за пропалестински протести, која ја воведе градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, бидејќи стравуваше дека ќе ескалира.

„Тајмс оф Израел“ тврди дека напаѓачите на израелски граѓани носеле палестински знамиња и извикувале „слобода на Палестина“. Други израелски медиуми јавуваат дека пасошите на некои израелски државјани се украдени.

„Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар се сретнаа со антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, напиша израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир во објава на X.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Тепачка пред Меѓународниот аеродром Скопје

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Кривична за тетовчанец кој си ги истепал својот татко

Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец

Горан Наумовски