Џон Траволта е потполно непрепознатлив во новата улога во филмот „The Fanatic“, а многумина на прв поглед не можеа да сфатат дека станува за тој актер.
Во филмот Траволта го глуми ликот на Мус, најголемиот обожавател на фиктивната филмска ѕвезда Хантер Данбар, кој го игра 40-годишниот Девон Сава.
Траволта во филмот е опседнат со Данбар, во толкава мера што е подготвен да направи се за да добие само негов автограм.
Трејлерот за филмот е објавен, а во американските кина ќе пристигне кон крајот на август.