На трката за Големата награда на Мајами во Формула 1 што се одржа вчера, меѓу гостите беа и две големи ѕвезди – пејачката Шакира и актерот Том Круз. Двајцата не се разделија, папараците и посетителите го снимија нивното дружење и веднаш почнаа гласини дека парот е на прагот на брак.
На многу фотографии и видеа Том не го криеше воодушевувањето од славната пејачка, што може да се види на снимките.
#TomCruise and #Shakira at the #MiamiGP. (Please don't ask, if they're dating…they're not) pic.twitter.com/jcTK074qfQ
— Tom Cruise News (@TCNews62) May 7, 2023
Да потсетиме, Шакира и фудбалерот Жерар Пике објавија дека се разделуваат во јуни минатата година, по 11 години врска и по гласините дека ја изневерил. Го делат старателството над синовите, а пејачката живее со децата во Мајами.