Том Круз има девојка по 15 години осаменост

Од:

Том Круз неодамна беше e во друштво на руската богаташка Елсина Керова на престижна забава во Лондон.

Актерот и богаташката биле многу блиски во текот на целиот настан, поточно вечерта не биле разделени.

“Тие беа неразделни. Тој изгледаше опседнат со неа”, рекол неименуван извор за Дејли Меил, кој исто така бил еден од гостите.

„Круз беше многу пријателски настроен кон сите, тие постојано бараа да се фотографираат со него, но тој учтиво одби. На крајот, диџејот мораше да каже на руски дека господинот Том Круз не сака никакви фотографии. Тој го помина поголемиот дел од ноќта танцувајќи со Елсина“, додаде изворот.

Британскaтa државјанка претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитриј Цетков. Во бракот со него, таа се здоби со замок од 22 милиони фунти во Сари и куќа во Лондон вредна 18 милиони фунти. Сопружниците поседувале и имот во Дубаи и Кипар, како и скапи автомобили, накит и колекција на скапи уметнички дела.

Сепак, двајцата се разведоа, а причините за пропаѓањето на нивната љубовна врска беа проследени со полемики.

Актерот не е во врска 15 години, по разводот со актерката Кејти Холмс.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Том Круз ќе открие се за него и за култот, со години немаат никаков контакт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Том Круз маѓепсан од Шакира: На повидок е нов пар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Новинар пред 24 години ветил дека ќе го изеде својот чевел ако излезе новиот „Топ Ган“ – сега го направи тоа

Предраг Петровиќ

Том Круз во најопасниот каскадерски потфат досега

Ана Ололовска

АУДИО: Том Круз разбеснет, пцуе филмаџии што не ги почитувале мерките против коронавирусот

Жарко Настоски