Новинар пред 24 години ветил дека ќе го изеде својот чевел ако излезе новиот „Топ Ган“ – сега го направи тоа

Од:

Том Круз и „Топ Ган“ еден од ненадминатите класици, а сега после 36 години го дочекавме неговиот втор дел. Откако помина толку време, многумина изгубија секаква надеж дека некогаш ќе го видат продолжението на филмот, а некои отидоа чекор понатаму во своите уверувања.

Првиот „Топ Ган“ беше претставен во далечната 1986 година, за дури сега да го добие вториот дел. Многумина одамна го отпишаа својот омилен филм кој сега пристигна како шлаг на тортата, но не и на оние кои беа подготвени да ја стават „раката во оган“ дека тоа никогаш нема да се случи.

Еден од нив е новинарот Мет Печес, кој во 2010 година во својата сега избришана објава на Твитер напиша „како ќе изеде чевел ако се случи Топ Ган 2“.

Тогаш од филмот поминаа 24 години и на Мет му изгледаше сосема реално дека нема да има втор дел, но 12 години подоцна работите се сменија, а тој не само што ги „изеде зборовите“, туку и она што го вети.

Печес пред неколку дена на својот канал на Јутјуб објави видео наречено „Изедов чевел поради Топ Ган 2“, а на него се гледа како го одржува ветувањето.

За да не добие стомачни проблеми, тој одлучил да направи чевел од овошна кожа, лепак за јадење и шеќерни врвки. За да биде предизвикот поцелосен, со импровизираниот чевел, Мет одеше по улица и по тревникот.

Имав ужасна стомачна болка што ја преживеав“, изјави новинарот за странските медиуми.

Мет на својот Твитер сподели интересен подарок од продуцентската куќа Парамаунт. „Никој не ми го заборави ова, вклучително и луѓето од Парамаунт кои се прилично возбудени што не бев во право“, напиша тој покрај фотографијата од тортата во форма на патика што му ја испратија.

Повикувајќи се на своето тврдење од пред 12 години, новинарот се обиде да се „оправда“: „Изгледаше невозможно, но зошто да се сомневам во Том Круз. Ова беше голема грешка бидејќи тој беше уште повеќе посветен на изведувањето на неговите акробации“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Том Круз ќе открие се за него и за култот, со години немаат никаков контакт

Предраг Петровиќ

Том Круз има девојка по 15 години осаменост

(ВИДЕО) Том Круз маѓепсан од Шакира: На повидок е нов пар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

„Топган: Маверик“ руши рекорди на киноблагајните

Том Круз во најопасниот каскадерски потфат досега

Ана Ололовска