Шакира уживаше на вечера со НБА ѕвезда, фановите тврдат дека не е повеќе заинтересирана за Хамилтон

Од:

Шакира предизвика гласини откако беше видена како ужива на романтична вечера со НБА ѕвездата Џими Батлер.

Папараците ги снимиле пред ресторанот Новиков во Лондон. Пристигнале одвоено, а заедно излегле од локалот околу два часот по полноќ. Се уште не се изјасниле за написот за нивната врска.

Пејачката минатиот месец го гледаше тимот на Батлер како игра против Денвер Нагетс во финалето на НБА во 2023 година.

Како што е веќе познато, Шакира и Том Круз беа фотографирани на трката во Формула 1 во мај. Тој се обиде да го освои нејзиното срце, но таа не беше заинтересирана.

После тоа во неколку наврати беше видена со Луис Хамилтон. Шпанскиот новинар Жорди Мартин во емисијата „Amor y Fuego“ изјави дека се во добри односи и дека планираат патување на Карибите. Сепак, нејзините фанови веруваат дека таа повеќе не е заинтересирана за Хамилтон.

Таа неодамна го објави спотот за песната „Copa Vacia“. Таа на Инстаграм објасни дека песната за неа има симболично значење. Таа рече дека сирената ја претставува бидејќи е „на пат повторно да стане едно со себе“.

Би можело да ве интересира

Жерар Пике за разделбата со Шакирa: „Луѓето не знаат ни десет отсто од вистината“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Том Круз маѓепсан од Шакира: На повидок е нов пар

Предраг Петровиќ

Шакира го „уништи“ Пике со новата песна: Ти смени Ферари за Твинго, Ролекс за Касио!

Горан Наумовски

Шакира ќе одговара пред шпанскиот суд за затајување данок

Ана Ололовска

Шакира одбива спогодба со шпанското обвинителство за случајот даночна измама

Шакира ќе сведочи за затајување на данок во Шпанија