Шакира го „уништи“ Пике со новата песна: Ти смени Ферари за Твинго, Ролекс за Касио!

Од:

Колумбиската поп-ѕвезда, Шакира, во својата нова песна очигледно „удри“ по својот поранешен долгогодишен партнер Жерард Пике и неговата нова девојка по разделбата во 2022.

Шакира во текот на минатото лето го потврди крајот на нивната врскаод 11 години (во која имаа и две деца), по наводното неверство на поранешниот фудбалер на Барселона. По ова стана јасно дека Пике и пред крајот на врската со Шакира имал афера со Клара Кија Марти, девојка која работеше во неговата продукциска куќа „Космос“.

Во новата песна на Шакира има неколку „удари“ за Пике, кој „сменил Ферари за Твинго“, „Ролекс за Касио“, а исто така тука е и пораката „Волчица како мене не е за момци како тебе“, посочувајќи на нејзиниот хит „Волчица“ (She Wolf) од 2009 година.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Жерар Пике за разделбата со Шакирa: „Луѓето не знаат ни десет отсто од вистината“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пике го изнервираа на сред прослава скандирајќи „Шакира, Шакира“

Предраг Петровиќ

Шакира уживаше на вечера со НБА ѕвезда, фановите тврдат дека не е повеќе заинтересирана за Хамилтон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Том Круз маѓепсан од Шакира: На повидок е нов пар

Предраг Петровиќ

Шакира и Пике во клинч: По тепачката во САД реагирала и полицијата

Предраг Петровиќ

Пике повторно на удар: Новата девојка Клара била машко