Тенк влета во централното фоаје на луксузен трговски центар во Дубаи и предизвика шок кај луѓето кои во моментот се нашле таму.
Се испостави дека се работи за сцена од авантуристичкото ТВ шоу „The Grand Tour“. И, додека некои биле информирани за сето тоа и беа подготвени да го фотографираат моментот со својот телефон, некои беа искрено изненадени и се растрчаа на сите страни.
Според очевидци, многумина не биле предупредени за настанот и ги зафатило вистинска паника.