ВИДЕО: Свештеник искористувал деца да му го влечат „Поршето“ низ улица

Од:

Малтешкиот свештеник Џон Султан предизвика контроверзии и гнев кај своите сонародници, кога тој на улица во градот Зебуг, стоејќи во „Порше“ со отворен кров ги отпоздравувал луѓето, а група деца го влечеа возилото.

Според него, „тоа не е ништо страшно“, и негативните коментари од некои луѓе „се неумесни“.

Меѓу оние кои реагираа на ваквото искористување на децата, е и малтешката претставничка во Европскиот парламент, Марлен Мици.

– Невкусно и грубо фалбаџиство. Одвратно! Па, што му е нему!?, прашува ревносно таа.

Од Малтешката црква сѐ уште немаат официјален став.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски