(ВИДЕО) Свечено отворање на Евросонг: Андреа на тиркизниот тепих, водителот ја поздрави на македонски

Од:

На свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, оти организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

Македонската Андреа Коевска дојде облечена во веќе препознатливиот стил, овој пат со кожени ракавици.

Водителот и посака ѝ добредојде на македонски јазик: „Добредојдовте на Евровизија“.

На свеченото отворање, градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо и претставници на РАИ, ЕБУ, градот Торино, официјално ги пречекаа земјите учеснички на Евровизија 2022 година, делегациите и уметниците во Торино.

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он