Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

Од:

На социјалните мрежи владее големо незадоволство што пејачката Бресквица не ја однесе победата на фестивалот Песна за Евровизија, со што би ја претставувала Србија во Шведска.

Триумфот го понесе Теја Дора, која ја исполни песната „Рамонда“. Ова е уште еден доказ дека не секогаш оди фаворитот на публиката, бидејќи најчесто на националните финалиња гласа и стручно жири.

Така, фановите на Бресквица бараат да се повтори гласањето и масовно потпишуваат петиција преку социјалните мрежи. Всушност, тие имаат забелешка што членовите на жирито не дале доволно поени за нивната миленичка, сметајќи на тој начин дека ја саботирале.

Коментарите се дека жири од петмина не смее да биде порелевантно од гласот на публиката. Тие се особено лути што раперката Сајси Ем-Си не дала ниту еден поен за Бресквица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ