ВИДЕО: Струмичките матуранти ја продолжија традицијата во играње Квадрил

Од:

Матурантите од трите средни општински училишта во Струмица денеска беа дел од најголемата матурска забава во светот „Матурска парада 2013“. На плоштадот „Гоце Делчев“ точно напладне, истовремено со своите врсници од четири градови во Македонија и од неколку европски држави танцуваа Квадрил, обидувајќи се повторно да го срушат гинисовиот рекорд.kvadril5

Матурантите ги поздрави и им посака во иднина со танцов чекор да го чекорат нивниот животен пат, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

kvadril6

 -Оваа прекрасна манифестација која несомнено е најголемата матурска забава на светот, на најубав можен начин премостува различни простори и различни времиња. Премостувањето различни простори се огледува во синхронизираното одигрување на еден ист танц, во исто време на различни места, во различни градови и во различни држав На наше огромно задоволство струмичките матуранти веќе неколку години се составен дел од овој извонреден младешки мозаик.

Драги матуранти, ова е само ваш ден, ова е само ваш танц, ова е само ваша парада. Зграпчете ја можноста да уживате во ова што ви се случува и носете го овој настан во вашите спомени цел живот за да ве потсетува на времето кога испитот на зрелоста сте го одбележале на триумфален и спектакуларен начин.

Бидете горди на самите себе, бидете горди штоо сте дел од разиграна Европа, бидете горди што сте струмичани и грашани на Македонија. Истовремени и сите ние, сме горди на нас. Танцувајте денес но ви посакувам и во иднина со танцов чекор да го чекорите вашиот животен пат и на тој начин лесно да ги премостувате сите предизвици кои пред вас ќе бидат исправени, рече градоначалникот Заев во поздравниот говор до матурантите.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски