ВИДЕО: Снимен како се тепа со четворица крадци кои сакаат да му го земат автомобилот пред неговата куќа

Од:

Полицијата ги повика граѓаните да преземат мерки на претпазливост за да спречат кражби од секаков вид, откако еден сопственик на автомобил беше фатен на камера како се бори со четворица крадци. Властите сè уште трагаат по осомничените откако сопственикот бил пренесен во болница по инцидентот.

На видеото до кое дојдоа локалните медиуми, сопственикот успева да се избори да го спаси својот автомобил од четворица крадци. Сè започнува кога едно лице се обидува да украде црвено Infiniti, по што избива тепачка помеѓу четворицата осомничени и сопственикот. Потоа доаѓа жената и вика „Повикувам полиција!“.

Во тој момент сите четворица напаѓачи со црн мерцедес побегнаа од местото на настанот. Изненадувачки, ниту еден од напаѓачите не помисли да тргне со автомобилот што беше во фокусот на нивните активности за време на судирот.

„Фала му на Бога што не беше сериозно повреден. Гледаме многу вакви инциденти низ државата и земјата каде што луѓето интервенираат и осомничениот може да има оружје“, рече полицискиот наредник Џефри Фос-Руган, Роки Хил (САД).

„Имаме многу алатки на располагање за да се обидеме да ги лоцираме овие осомничени и знам дека е многу тешко кога ќе видите луѓе кои провалуваат во вашите автомобили“, продолжи тој. Советите на Фос-Руган до луѓето се едноставни: „Мораме да ги држиме нашите гаражи заклучени. Мораме да ги чуваме вредните предмети надвор од автомобилот“. Полицијата се уште не ги фатила осомничените, но истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Насилство на скопската обиколница, стопирал со полициска значка од татко му

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+