Џенифер Анистон и Бред Пит се сретнаа на 77. доделувања на „Златен глобус“. Како и со години наназад, таму каде што ќе се појават, целото внимание е нивно.
Тоа се случи сега, а снимките од реакцијата на Анистон за време на говорот на Бред ги „преплавија“ светските медиуми.
Џенифер аплаудираше кога прочитаа дека Бред го освоил „Златниот глобус“ за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“, а потоа седна пред сите околу неа.
За време на шегата што Бред ја кажа на сметка на неговиот љубовен живот, таа се насмевна, а очите и сјаеја цело време додека го гледаше.
– Имав желба да ја земам мајка ми, но не го направив тоа, затоа што излегува дека сум во врска со секоја жена покрај која стојам. Тоа би било малку чудно, рече Бред, предизвикувајќи смеа во салата.
Сепак, најслатка беше онаа насмевка од неговата поранешна девојка.