ВИДЕО: Сите детали од венчавката на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Од:

Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа во саботата на неверојатна свадбена церемонија во неговата вила во Џорџија вредна 8,9 милиони долари, опкружени со семејството, пријателите и познати личности од А-листата.

Славната двојка позната како „Бенифер“ ја воодушеви публиката, Лопез облечена во неверојатна бела тоалета на Ралф Лорен со долг вел, додека Афлек носеше бело-црн смокинг.

Фотографиите направени одозгора покажуваат совршени моменти, насмеани гости покрај брегот, пред огромната вила.

Брачниот пар полека чекореше по снежно белиот олтар поставен специјално за тој ден.

Огнометот од езерото на имотот требаше да ја заврши вечерта. Среќното обединување на парот дојде 20 години откако почнаа да се забавуваат, а потоа се верија.

Тие веќе еднаш закажаа свадба, за да ја откажат есента 2003 година, обвинувајќи го преголемото медиумско внимание.

По венчавката, на парот им се придружија блиските пријатели и семејството, вклучувајќи ги и нивните деца од третиот сопруг на Џенифер, Марк Ентони, како и од првата сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер.

Би можело да ве интересира

Џенифер Лопез удри по родителите: „Нарцисоидна личност, не тепаше“

Предраг Петровиќ

Доаѓа новиот филм на Џенифер Лопез: Интимна приказна за нејзините големи љубови и приватниот живот

Предраг Петровиќ

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

ВИДЕО: Бен Афлек и ја тресна вратата на Џенифер Лопез – парот повторно интерес на јавноста

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Џенифер Лопез ужива, а тој повеќе би сакал да избега: Бен Афлек стана главна тема по Греми наградит

(ВИДЕО) Да се знае кој е шеф: снимка на која Џенифер Лопез го „дисциплинира“ Бен Афлек