ВИДЕО: Бен Афлек и ја тресна вратата на Џенифер Лопез – парот повторно интерес на јавноста

Од:

Врската на Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште е тема на медиумите, а сега е откриено за што всушност парот разговарал на црвениот тепих. Сепак, фановите не пропуштија уште една работа која прилично ги загрижи.

Врската помеѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез е повеќе од кога било јавна тема. Во последно време се добива впечаток дека работите не се баш најдобро меѓу нив, почнувајќи од премиерата на нејзиниот филм, кога проверуваше дали пие, па се до доделувањето на Греми наградите кога актерот делуваше повеќе од незаинтересирано додека Лопез постојано го опоменуваше, сè до неговото однесување пред неколку дена денот кога бесно ја тресна вратата во лице на сопругата.

Од фотографиите на Бен во последно време, може да се забележи црвенило на неговите образи, што според експертите е карактеристично за оние кои претерале со алкохолот. Откако Џенифер неодамна лансираше сопствен бренд за алкохол, многумина веруваат дека актерот повторно почнал да пие.

Во споредба со тоа како изгледаше пред само неколку месеци, кога лицето му беше нормално, ненадејното црвенило што избувна и покрај шминката што ја носеше на црвениот тепих беше алармантно.

„Афлек повторно почна да пие“, „Види му ги образите, црвени му се, брат ми е алкохоличар“, „Се врати на пиење“, „Нервозен е затоа што има криза без алкохол“… тоа е само дел што може да се прочита на мрежите.

Не се знае дали Бен повторно почнал да пие, иако во неколку наврати е виден со чаша во рака, ниту пак го коментирал својот проблем во изминатата година. Последниот пат кога го направи ова, се соочи со јавна осуда затоа што директно ја обвини поранешната сопруга Џенифер Гарнер за неговите проблеми, велејќи дека „пиел затоа што не бил задоволен од неа“, иако таа секој пат го носела на рехабилитација, дури и откако се разведоа и продолжија секој со својот живот.

Би можело да ве интересира

Првиот сопруг на Џеј Ло откри непознати детали за неа

Предраг Петровиќ

Лопез поднесе барање за развод, го напушта актерот Афлек на нивната втора годишнина од бракот

Бен Афлек и Џенифер Гарнер заедно го прославија неговиот роденден

Бен Афлек ужива во луксуз по крахот на бракот со Џенифер Лопез: Објавени фотографии од неговата нова вила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Џенифер Лопез се расправа сред улица: „Држи се подалеку од мене и моите деца“

Предраг Петровиќ

Американската водителка го сподели своето негативно искуство со Џенифер Лопез: „Многу непријатна личност“