Џенифер Лопез удри по родителите: „Нарцисоидна личност, не тепаше“

Од:

Џенифер Лопез неодамна откри нови детали од својот живот, кои ја изненадија јавноста.

Имено, во документарниот филм „The Greatest Love Story Ever“, кој премиерно беше прикажан во вторникот, 54-годишната пејачка откри помалку познати детали од нејзиниот живот.

Документарецот го открива нејзиниот драматичен пат до славата, односно ситуациите со кои морала да се соочи за да биде успешна, бидејќи имала многу тешко детство додека живеела во Бронкс.

Пејачката откри и каков однос имала со родителите, тврдејќи дека не добивала доволно љубов, поради што решила да стане вредна за да го придобие вниманието и довербата на нејзините родители Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез.

„Не бев ниту најстара, ниту најмлада, бев во средина“, објасни таа, наведувајќи дека пораснала со „нарцисоидна мајка“, додека нејзиниот татко го нарече емотивно недостапен, кој работел ноќе, а дење спиел.

Нејзините родители не се појавуваат во документарецот, но кога ќе се спомнат, се прикажуваат нивните фотографии. Ова откритие за нејзината мајка е изненадувачки, со оглед на тоа што се многу блиски.

Џенифер претходно зборуваше за нејзината проблематична врска со нејзината мајка во документарниот филм „Halftime“ од 2022 година.

„Мајка ми е супер комплицирана жена и носи многу „товар“, а сакаше да бидеме независни и никогаш да не зависиме од мажите. Не тепаше“, рече таа тогаш.

Што се однесува до односот со нејзиниот татко, актерката изјави дека имаат блиски односи и покрај тоа што нејзините родители се развеле, а тој повторно се оженил. Таа го поткрепи тоа тврдење споделувајќи објава во која му го честиташе на својот татко Денот на таткото минатата година, пишувајќи му дека го сака.

Во новиот документарен филм, Џенифер зборува за тоа како ги надминала емотивните недостатоци од детството за да ја пронајде вистинската љубов, по три неуспешни бракови и многу години терапија.

Би можело да ве интересира

Лопез поднесе барање за развод, го напушта актерот Афлек на нивната втора годишнина од бракот

Бен Афлек и Џенифер Гарнер заедно го прославија неговиот роденден

Бен Афлек ужива во луксуз по крахот на бракот со Џенифер Лопез: Објавени фотографии од неговата нова вила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Џенифер Лопез се расправа сред улица: „Држи се подалеку од мене и моите деца“

Предраг Петровиќ

Американската водителка го сподели своето негативно искуство со Џенифер Лопез: „Многу непријатна личност“

„Бен Афлек се исели од куќата, немаше шанси да трае“

Предраг Петровиќ