ВИДЕО: Раперска пародија на посетата на Канје Вест на Белата куќа, Меланија претставена како стриптизета

Од:

Раперот Ти-Ај на Твитер објави видео спот, кој претставува пародија на посетата на неговиот колега Канје Вест на Белата куќа.

Во спотот-пародија при престојот на Канје во Овалната соба, американската прва дама Меланија Трамп му приредува стриптиз. Секако, тоа не се вистинските Канје и Меланија.

Видео-спотот е објавен во петокот, а досега го прегледале над 8,5 милиони луѓе.

– Како може тоа да биде прифатливо, напиша на Твитер портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, повикувајќи на бојкот на спотот.

Во видеото, ликот на Меланија Трамп, во еден момент на себе ја има само фамозната јакна со натпис „Навистина не ми е гајле, а тебе?“, за која беше жестоко критикувана оти ја носеше при посета на деца имигранти одделени од родителите.

Би можело да ве интересира

Бјанка Сенсори и Кање Вест се разведуваат

Горан Наумовски

Вест објави дека му бил дијагностициран аутизам

(ВИДЕО) Скандал на Греми: Бјанка Ценсори дојде гола, се шпекулира дека со Кање Вест биле избркани

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски